Лео Меси – солзи за збогум (фото)

Лео Меси даде се од себе, изгина во репрезентативниот дрес, дојде на само еден чекор до испишување на нови страници во историјата – и не успеа.

Видно разочаран, на самиот крај на дуелот можеа да се забележат и солзи на лицето на „фудбалскиот Бог“, кој сепак беше премногу осамен за да може да ги замрси сметките на шпанската фудбалска машинерија.

Меси не успеа да врзе два мундијалски пехари во низа, а солзите што синоќа ги пролеа беа само најава за неговото повлекување од националниот тим.

„Твоите солзи се наши солзи, капитену. Ни дадоа најголеми радости во нашите животи. Ти благодариме за посветеноста, за магијата и за тоа што не држеше во живот до последната секунда“, објави Аргентинската Фудбалска Асоцијација крај фотографијата од расплаканиот Меси.

Се вчитува...