Леон Најдовски потпиша за австриски Мауерверк кај Илчо Наумоски (ФОТО)

Поранешниот фудбалер на Македонија ЃП и Работнички, Леон Најдовски својата кариера ја продолжува во австрискиот третолигаш Мауерверк каде менаџер е прославениот поранешен македонски репрезентативец Илчо Наумоски.

28-годишниот Најдовски, кој игра на централната дефанзивна позиција, се приклучува на тимот на Мауерверк секако на желба на Наумоски кој и по преземањето на клубот истакна дека во иднина посакува да им овозможи на македонски фудбалери можност за интернационална кариера. Член на Маурверк е и поранешниот вардаров голман Петар Јаневски.

Најдовски досега во својата кариера, покрај за Македонија ЃП и Работнички, има настапи и за Тетекс и прилепска Победа. А последен негов клуб е второлигашот Локомотива Скопје каде настапуваше минатава сезона пред сегашната преселба во Австрија.

Се вчитува...