Леонард Жута потпиша двегодишен договор со Лече (ФОТО)

Поранешниот македонски репрезентативец, Леонард Жута својата кариера ја продолжува во редовите на италијанскиот Лече, со кого потпиша двегодишен договор за соработка.

По мината сезона во шведски Хакен, Жута одлучи повторно да се врати на југот од Европа, овој пат во редовите на Лече кој изминатава сезона испадна од Серија А.

27-годишниот левокрилен дефанзивец претходно во својата кариера има настапи и за хрватска Ријека како и за турски Коњаспор. За сениорската репрезентација на Македонија има 15 официјално настапи.

Се вчитува...