Леонард Жута пред потпис за турски Коњаспор

Македонскиот фудбалер Леонард Жута сосема извесно својата кариера ја продолжува во турскиот суперлигаш Коњаспор.

Како што пренесуваат турските медиуми, Жута е веќе пред потпис со Коњаспор за трансфер во јануарскиот преоден рок откако двете страни веќе ги договориле поголемиот дел од деталите за меѓусебна соработка.

Левокрилниот дефанзивец на Ријека, како што пишуваат Турците, се одлучил за заминување од хрватскиот прволигаш и прифаќање на понудата од Коњаспор поради далеку повисоките финансиски услови кои ги понудил турскиот тим. Во текот на оваа недела, според најавите, се очекува и промоција на Жута во дресот на новиот клуб.

 

Се вчитува...