Францускиот првак Пари Сен Жермен најверојатно ќе се раздели со тренерот Томас Тухел по завршувањето на сезоната. Француските медиуми дека разделбата може да се случи и многу побрзо доколку „светците“ не успеат да ја елиминираат Борусија Дортмунд во осминафиналето од Лигата на шампионите, а по првиот меч во Германија имаат негатива од 2-1. Спортскиот директор Леонардо веќе контактира со можните наследници на Тухел.
Бразилецот посакува да го доведе Симоне Инзаги на „Паркот на принцовите“ идната сезона. Италијанскиот стратег бележи фантастични резултати со Лацио оваа сезона и успеа да го наметне тимот како кандидат за шампионската титула во Серија А. Сето ова не остана незабележано од големите европски клубови кои го посакуваат Симоне Инзаги на кормилото. Пари Сен Жермен сака да реагира најбрзо и да го доведе во Париз.
Мисијата на Леонардо на „Олимпико“ ќе биде уште поголема, тој планира заедно со Симоне Инзаги да ги доведе и Сергеј Милинковиќ – Савиќ и Адам Марушиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА