Леонардо Жардим нов предводник на Челси?

Тренерот на Монако Леонардо Жардим, би можел да биде идеалната замена за Антонио Конте, менаџерот на Челси кој со сигурност ќе го напушти клубот по завршувањето на оваа сезона. Раководството на „сините“ детално ја разгледува опцијата околу ангажман на португалскиот стратег, сметајќи дека Жардим ги поседува квалитетите да го води лондонскиот клуб до нови успеси.

43-годишниот стратег потпиша нов договор со Монако по освојувањето на француското првенство минатата сезона, кој важи до 2020 година при годишна плата од четири милиони евра. Во договорот исто така има и 7.5 милиони евра клаузула доколку некој клуб сака  да го ангажира Жардим. Иако веќе четири години успешно си ја извршува задачата во „кнежевството“, Жардим вели дека сака да напредува во работата и има желба да води менува работно место во иднина.

„Ова ми е еден од подолгите ангажмани во кариерата. Претходно не сум се задржувал волку многу бидејќи секогаш сум се туркал себеси напред. Сакам да напредувам и да добијам шанса да водам голем клуб во иднина, со таа идеја се водам низ кариерата. Имав понуди од неколку големи европски клубови, но засега сум среќен во Монако и сакам да го испочитувам договорот“, изјави Жардим за француските медиуми.

Жардим минатата сезона ги предводеше „кнезовите“ до титула во француското првенство  по цели 17 години пост, додека се пласираа меѓу најдобрите четири екипи во Лигата на шампиони каде претрпеа елиминација од Јувенстус во полуфиналето. Оваа сезона ќе мора да се задоволат вицешампионски статус бидејќи ПСЖ сигурно чекори кон титулата во Лига 1.

Се вчитува...