Легендата на Челси, Џон Тери е пред враќање во редовите на „сините“ како тренер во младинската школа, пренесуваат англиските медиуми. 41-годишникот по завршување на играчката кариера премина во тренерските води, беше и помошен терен во Астон Вила, но не доби шанса да го предводи тимот како „прв човек“.
Тери речиси целата кариера ја помина на „Стемфорд Бриџ“. По поминување на младинската школа беше дел од тимот од 1998 до 2017 година, период во кој со капитенската лента на раката освои 17 трофеи.
Од нив пет во Премиерлигата и ФА Купот, три во Лига Купот, два во Комјунити Шилд и по еден во Лигата на Шампионите и Лига Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА