Лесна победа за Ѓорческа на стартот на фјучрсот во Астана

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со лесна победа го стартуваше настапот на фјучрс-турнирот во Астана, кој се игра за награден фонд од 40.000 долари.

Македонката за нешто повеќе од еден час игра беше подобра од домашната натпреварувачка Ана Данилина со максимални 2-0 по сетови 6-1 и 6-4.

Ѓорческа во утрешниот меч од второто коло ќе ги одмери силите против Ирина Симанович (Белорусија), која денеска во првото коло ја совлада првата носителка Мојука Учиџима од Јапонија со 2-0 (6-1 и 6-1).

Се вчитува...