Иако во текот на целиот ден беше блиску до трансфер во Барселона, центарот на Партизан Матијас Лесор на крајот заврши во Атина, и ќе го носи дресот на Панатинаикос. Ова беше и официјално потврдено од страна на грчкиот клуб.
Лесор е третото големо засилување за овој тим, откако претходно во оваа екипа стигнаа Костас Адетокумбо и Лука Вилдоза.
Партизан така останува без уште еден играч, а следен кој ќе прави трансфер е Кевин Пантер. Преостанатите играчи кои најверојатно ќе ги напуштат белградските црно-бели се и Данте Егзум, Зек Ледеј, Џејмс Нанели, Јоанис Папапетру и Алекса Аврамовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА