Лесор провоцира пред вечното дерби

Кошаркарот на Панатинаикос, Матиас Лесор не ја крие љубовта кон Партизан, а пред почетокот на финалната серија од АБА лигата испрати, во најмала рака, интересна порака.

Французинот, кој минатото лето им се приклучи на aтињаните од редовите на Партизан, редовно ги следи настаните во Србија и кошарката во регионот. Јасно е дека, иако претходно настапуваше за Црвена звезда, во финалето ќе навива за Партизан.

На денот на првиот натпревар, кој ќе се игра во салата „Александар Николиќ“ од  20.30 часот, тој објави фотографија од минатата сезона на која се гледа моментот кога Јан Мадар ги „поздравува“ црвено-белите навивачи покажувајќи им среден прст.

Тоа се случи пред третиот финален натпревар кога Звезда беше домаќин. Кошаркарите на Партизан излегоа на загревање, но брзо се вратија во соблекувалната откако куп предмети летаа од трибините на подот.

Се вчитува...