Лестер, повеќе од заслужено, извојува значајна победа од 0-2 на гостувањето против Тотенхем во Лондон во дербито на 14. коло од Премиерлигата.
Лестер, кој беше многу подобар тим на теренот, поведе со голот на Варди од пенал секунди пред полувремето.
Во вториот дел беше поништен, по ВАР интервенција, прекрасен погодок на Медисон во 48. минута, но Лестер сепак дојде до 0-2 со автоголот на Андервирелд во 59. минута.
Жозе Мурињо по неодамнешниот пораз од Ливерпул истакна дека загубил подобриот тим, на што наиде деновите потоа на потсмев во англиската фудбалска јавност. Сега повторно загуби од тим кој се бори за највисок пласман во Премиерлигата, и повторно не беше подобриот тим на терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА