Лестер слави годишнина од титулата, време е да ја вратат услугата

Поминаа 365 дена откако Лестер сити ја освои својата прва титула во Премиер – лигата. Во тогашното сценарио Тотенхем со сите сили се бореше да им го расипе планот на „лисиците“, играа многу важен меч со Челси на „Стемфорд бриџ“ на кој им одговараше само победа, се’ друго значеше дека трофејот ќе оди во рацете на Раниери и неговите избраници.

Тотенхем на тој натпревар ја испушти предноста од два гола, по која стигнаа со головите на Кејн и на Сон, но Челси се врати од негативата и успеа да остане непоразен на мечот, а головите на Кејхил и на Азар беа почеток на шампионската забава за Лестер.

Една година подоцна овие три тима се наоѓаат во слична позиција, но со различен редослед. Сега Челси е прв на табелата, Тотенхем заостанува само четири бода на четири натпревари до крајот, додека Лестер е на 11. место. „Петлите“ играат против Лестер на „Кинг Пауер“ стадионот на 18. мај. Тоа ќе биде претпоследното коло во кое Челси официјално ќе биде шампион доколку победи на сите останати натпревари, а ако Лестер успее да ја запре машинеријата на Покетино, тоа ќе биде само потврда дека Челси е првак, а Лестер ќе ја врати услугата од минатата сезона.

Се вчитува...