Летна уште една селекторска глава по Мундијалот

Селекторот на Јужноафриканската република, Хуго Брос, го потврди своето заминување по две недели неизвесност дали ќе остане на функцијата.

Под негово водство, националниот тим се квалификуваше за нокаут фазата на Светското првенство за прв пат. Брос уште пред почетокот на Светското првенство објави дека се повлекува по Мундијалот. Сепак, откако Јужна Африка загуби од ко-домаќинот Канада во осминафиналето на 28 јуни, тој веќе не беше сигурен во својата одлука и рече дека можеби ќе биде во искушение да остане.

Сепак, 74-годишниот Брос подоцна потврди дека нема да остане на селекторската позиција, но дека може да му помогне на тимот во улога на советник.

„Дали ќе продолжам да работам како тренер? Не, одлуката е конечна. Ако им требам за нешто друго, можеби за скаутинг, тоа е друга приказна. Но, фудбалот повеќе нема да биде дел од мојот живот 24 часа на ден“, изјави Брос.

Се вчитува...