Летонскиот џин веднаш почна со тренинзи во Вардар

Новиот ракометар на Вардар, Даинис Кристопанс, е еден од првите ракометари кои пристигнаа во нашата земја за стартот на подготовките за новата натпреварувачка сезона. Летонскиот џин, кој како десен бек ќе има тешка задача да го наследи Алекс Душебајев, веќе се запозна со условите во СЦ „Јане Сандански” и напорно работи за подготвен да го дочека првиот тренинг под водство на Раул Гонзалес.

Највисокиот играч во лигата на шампионите сезонава, со 213 см. реши својата кариера да ја продолжи во Македонија како дел од тимот на Вардар каде е договорено да остане во следните три сезони. Летонецот дојде во Вардар од екипата на Мешков Брест.

Кристопанс е стандарден дел од репрезентацијата на Летонија. Со екипата на Брест годинава играше на Ф4 турнирот во Белорусија, и во групната фаза од ЛШ, а потоа и меѓу најдобрите 16 екипи. Сезоната ја заврши со 76 постигнати голови во ЛШ, и 77 во СЕХА-лигата.

Се вчитува...