Летонците избраа нов селектор пред дуелот со Македонија

Летонската репрезентација ќе влезе со нов селектор во квалификациите за ЕВРО 2020, што оваа селекција ќе ги стартува со дуел против Македонија во Скопје на 21 март.

Словенецот Славиша Стојановиќ денеска беше и официјално промовиран во нов кормилар на летонскиот национален тим, потпишувајќи тригодишен договор со фудбалската федерација на оваа земја. Тој доаѓа на оваа функција на местото на финскиот стратег Миху Паутаинаинен, кој не ги оправда очекувањата на Летонците во изминатиот период.

Последен ангажман на Стојановиќ беше во бугарскиот прволигаш Левски. Овој стратег беше првак на Словенија во 2007 и во 2008 година со Домжале, а во 2014 година стана и шампион на Србија со екипата на Црвена звезда. Тој имаше ангажмани и во Белгија, Кина и Летонија, а исто така беше и помошник на Среќно Катанец кога овој словенечки стручњак беше селектор на Обединетите Арапски Емирати.

Се вчитува...