Лев, и по незапаметената катастрофа, останува селектор на Германија: „Овој меч не е важен“

Невидена катастрофа доживеа синоќа Германија, декласирана со 0-6 од Шпанија. По натпреварот ниту германскиот селектор Јоаким Лев не можеше да објасни што се случи.

„Реков дека им верувам на фудбалерите кои се повикани. Видовме, сепак, дека не сме на пат на развојот каков што очекуваме. Тешко е било што да се објасни. Се обидувавме да се вратиме во игра, но Шпанците беа подобри. Немавме никакви шанси“ – истакна Лев.

Околу своето останување на клупата на германската селекција не сака да разговара пред медиумите, но директорот на репрезентацијата Оливер Бироф потврди дека останува на клупата до Европското првенство секако.

„Дали Лев ќе остане селектор до ЕП? Апсолутно. Овој натпревар не значи ништо. Се уште му веруваме. Сакаме да дојде до врвот на ЕУРО следната година“ – порача Бироф.

Се вчитува...