Лев ја зеде „метлата“: Триото на Баерн веќе нема да игра за Германија

Јоаким Лев го преживеа фијаското на Германија на СП 2018, по што германскиот селектор ја зеде „метлата“ во раце и реши да расчисти со фудбалерите кои го разочараа на Мундијалот во Русија. Изненадувачки, Лев денеска објави дека во иднина нема да смета на услугите на триото на Баерн Минхен, Томас Милер, Џером Боатенг и Матс Хумелс.

„Сакаме да продолжиме со подмладувањето што го стартувавме минатата година. Затоа, Боатенг, Хумелс и Милер нема да бидат дел од националниот тим во иднина. За мене беше важно важно прво лично да се видам со фудбалерите и со челниците на Баерн за да им ја објаснам својата одлука, не сакав да дознаат од медиумите. Им соопштив дека поставуваме темели за иднината, сакаме да му дадеме нов лик на германскиот национален состав, убеден сум дека овој мој потег е правилен“ – изјави Јоаким Лев.

Тројцата избришани фудбалери беа дел од шампионската генерација од 2016 година, Милер настапи на 100 натпревари постигнувајќи 38 погодоци, додека Боатенг ја завршува репрезентативната кариера со 76 одиграни средби, шест повеќе од Хумелс.

Се вчитува...