Јоаким Лев беше шокиран од случувањата на вечерашниот дуел во Дуисбург, на кој Германија токму од Македонија го претрпе првиот квалификациски пораз за СП по пауза од дури 20 години.
Критиките на адреса на селекторот се жестоки, а Лев истите ги пренасочи кон дел од фудбалерите кои не одговорија на задачата.
„Не може да се дозволи играч да прима топка и да ја додава низ двајца наши фудбалери, како што тоа беше случај при првиот гол на Македонија. Исто така, онаа шанса на Вернер, тоа е нешто што мора да се погоди. Очигледно е, максимално сме разочарани. Изгледавме изморено, правевме грешки и бевме бавни кога одевме во напад. Македонија играше длабокот во одбраната, а ние не најдовме лек за таа нивна тактика“, изјави германскиот селектор, кој ги минува последните месеци на клупата на националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА