Левандовски: Двапати водевме и дозволивме да загубиме

Германскиот првак Баерн Минхен го загуби големото дерби против Борусија Дортмунд со 3-2 и сега заостанува големи седум бода предност во однос на „милионерите“. Полскиот интернационалец Роберт Левандовски беше на висина на задачата, постигна два гола за баварскиот тим, но залудно кога мрежата на Мануел Нојер се затресе во три наврати.

„Тешко е кога ќе загубиш на ваков начин. Двапати имавме водство, имавме и одлична игра, го контролиравме натпреварот, посебно во првиот дел. И потоа дозволивме Борусија Дортмунд да се размавне, нивните брзи фудбалери ни создадоа многу проблеми во одбраната. Во едно вакво дерби, не смеете да си дозволите ни најмала грешка, а ние очигледно направивме неколку посериозни. Но, одиме понатаму, Баерн Минхен никогаш не се предава, долго е првенството и ќе се бориме до крај за да ја одбраниме титулата“, изјави Роберт Левандовски, по поразот во дерби-мечот на „Сигнал Идуна парк“.

Се вчитува...