Левандовски е лут на Чави: Ние сме Барса, не треба само да победуваме, туку и да играме убав фудбал

Барселона освои седум бода по првите две кола, но Роберт Левандовски јасно стави до знаење дека воопшто не е задоволен од играта на каталонскиот гигант и од дефанзивниот пристап на кој инсистира тренерот Чави.

Барса има поголем посед на топката, но Чави инсистира на кружење околу противничкиот шеснаесетник без конкретни топки директно кон Левандовски. Ситуацијата се менува кога каталонците ќе треба да бркаат резултат и влегуваат Ансу Фати и Феран Торес, па поофанзивниот пристап носи и повеќе прилики за Левандовски да се запише во листата на стрелците.

„Ни сме Барса, од нас не се очекува самод а победуваме, туку и да играме убав напаѓачки фудбал. Во последно време тоа не се случува, се мачиме да создадеме шанса со тимот со кој што го почнуваме мечот. Кога ќе влезат Феран или Ансу ситуацијата се менува, што е нормално бидејќи тие се офанзивни фудбалери. Кога сум сам и без помош, многу им е полесно на противниците да ги запрат нашите напади. На последните две средби не ни имав шанса за постигнување на гол, бев меѓу двајца дефанзивци и морав да се извлекувам за да искреирам нешто. Ова што го кажувам е вистина и не го велам за свое добро, туку за доброто на екипата која има капацитет да игра далеку поофанзивно и да постигнува многу повеќе погодоци“, изјави Левандовски.

На потег е Чави, па интересно ќе биде да се види дали тренерот на Барса ќе го послуша советот на својот најдобар напаѓач.

Се вчитува...