Левандовски го напушта Баерн Минхен… Следна дестинација Премиер-лигата

Роберт Левандовски би можел да го напушти Баерн Минхен летово, пренесува американскиот ЕСПН. За 33-годишникот кој беше прогласен за најдобар фудбалер на светот за 2020 година заинтересирани се англиските премиер-лигаши, Манчестер Сити и Челси.

Левандовски договор со Баварците има до 2023 година, а неговата клаузула изнесува 60 милиони евра. Левандовски претходно тврдеше дека кариерата ќа ја заврши во Баерн Минхен, но заинтересираноста од Премиер-лигата би можела да го промени неговото мислење.

Во Челси го сакаат Левандовски бидејќи не се задоволни од Тимо Вернер кој сезонава има големи проблеми, додека Пеп Гвардиола бара замена за Серхио Агуеро кој на крајот на сезоната ќе ги напушти „граѓаните“.

Левандовски во Баерн Минхен стигна во 2014 година од редовите на Борусија Дортмунд.

Се вчитува...