Левандовски го повреди коленото – не игра за Полска, Баерн се тресе

Роберт Левандовски ќе го пропушти претстојниот квалификациски меч против Англија по повредата што најдобриот полски фудбалер ја заработи на претходниот дуел со Андора. Врз Левандовски во текот на вчерашниот ден беа извршени детални прегледи, кои покажаа проблем со лигаментите во коленото.

Полската Фудбалска Федерација објави дека минималната пауза ќе изнесува десетина дена, по што била донесена одлука тој воопшто да не патува за гостувањето на „Вембли“.

Левандовски веднаш ќе отпатува за Минхен, каде врз него ќе бидат извршени нови детални прегледи. Тој сигурно ќе го пропушти големото дерби со Лајпциг закажано за 3 април, а во таборот на баварскиот гигант се исплашени дека Левандовски нема да може да настапи ниту на првиот четвртфинален меч од ЛШ против ПСЖ.

Се вчитува...