Левандовски не дозволи изненадување во Минхен

Баерн Минхен во шеснаесеттиот меч сезонава го забележа својот 12. триумф, откако многу потешко од очекувањата актуелниот првак го скрши отпорот на „фенерџијата“ Келн. Иако за ривал имаа тим што досега освои очајни три бода сезона, баварците се соочија со огромни проблеми, па голот за победа го постигнаа во второто полувреме преку Левандовски, по одличната асистенција на Томас Милер. Избраниците на Хејнкес потоа имаа уште неколку шанси за втор гол, Коман ја погоди и гредата, а во самиот финиш можеше да дојде и до сензационално реми, но ветеранот Штарке го одбрани опасниот удар на гостите од дваесетина метри.

Најинтересно беше во Гелзенкирхен, каде Шалке по голема битка го совлада Аугсбург со 3-2. Домаќините имаа сигурни 2-0, гостите стигна до израмнување, но голот за три бода на „сините“ го постигна Калигури од пенал во 83. минута.

Баер Леверкузен со голот на Аларио во 11. минута го совлада Вердер со 1-0, трет триумф на „фармацевтите“ во последните четири кола за задржување на четвртата позиција на табелата.

Резултати Германија:

Баерн М. – Келн 1-0, Баер Л. – Вердер , Шалке – Аугсбург 3-2, Херта – Хановер 3-1, Хофенхајм – Штутгарт 1-0.

Се вчитува...