Левандовски подготвен за утрешниот Суперкуп на Европа

Полскиот интернационалец Роберт Левандовски го одработи последниот тренинг во Будимпешта и најверојатно ќе биде подготвен за утрешниот дуел против Севилја во Суперкупот на Европа. Тренерот на актуелниот европски првак Ханси Флик со голем респект зборуваше на прес-конференцијата за ривалот Севилја.

„Севилја е одличен тим, апсолутно заслужено ја освои Лигата на Европа. Имаат квалитетен тренер и верувам дека не очекува еден убав дуел. Двата тима можат да понудат атрактивен и напаѓачки фудбал и тоа е одлична работа“, изјави Ханси Флик.

 

Се вчитува...