Левандовски рамо до рамо со Пизаро, најефикасен странец во историјата на Бундес-лигата

Полскиот интернационалец Роберт Левандовски влезе во историјата на Бундес-лигата како најефикасен странец. Тој со двата гола против Борусија Менхенгладбах во триумфот од 1-5, се израмни со досегашниот рекордер Клаудио Пизаро. Двајцата имаат постигнато по 195 гола во германскиот шампионат. 30-годишниот Левандовски 74 гола постигна во дресот на Борусија Дортмунд, а во 2014 година се пресели во Баерн Минхен и продолжи да ги тресе мрежите.

Герд Милер со 365 гола на 427 натпревари е недостижен на листата на стрелците во историјата на Бундес-лигата.

Се вчитува...