Левандовски: Сите знаеме каде му е местото на Меси

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Лео Меси по само две години поминати во ПСЖ може да се врати назад во Барселона. Аргентинецот одбива продолжување на договорот со францускиот првак, а се почести се гласините за негово враќање на „Камп Ноу“ каде помина повеќе од 20 години, но мораше да замине по тешката финансиска состојба во која се најде клубот.

На темата „камбек“ говореше и Роберт Левандовски, полскиот голгетер на Барселона кој воедно е и еден од оние кои може да замине од тимот доколку се остварат очекувањата за враќање на Меси. Сепак искусниот 34-годишник се надева дека следната сезона ќе игра заедно со светскиот шампион од Катар.

„Меси и припаѓа на Барселона и ако се врати тоа ќе биде нешто неверојатно. Сите добро знаеме дека местото му е во Барселона. Не знам што ќе се случи, но се надевам дека следната сезона ќе можам да играм заедно со него“, изјави Левандовски.

Се вчитува...