Левандовски со капитенската лента на Украина на СП 2022

Полскиот репрезентативец, Роберт Левандовски ќе носи капитенска лента на својата репрезентација во боите на Украина на Светското првенство 2022 година во Катар.

Полска на турнирот се најде во групата Ц заедно со Аргентина, Мексико и Саудиска Арабија, а фудбалерот на Барселона со овој потег сака да даде поддршка на народот во земјата која е под руска агресија.

„Ќе носам украински бои на Светското првенство во Катар. Како играч и како личност го поддржувам мирот и мислам дека овие симболични гестови се важни. Во ноември ќе ја носам лентата на Шевченко како потсетник дека граѓаните на Украина не се сами“, изјави Левандовски. 

 

 

Се вчитува...