Левандовски „удри“ по Ковач: Не се победува со „кукавичка тактика“

Баерн Минхен синоќа се збогуваше од Лигата на шампионите откако загуби со 1-3 од Ливерпул пред своите навивачи. Баварците ги разочараа своите навивачи со „кукавичката“ игра која не им донесе ништо добро.

Јирген Клоп го надмудри Нико Ковач, а хрватскиот стратег доби критики и од главниот напаѓач на екипата, Полјакот Роберт Левандовски.

„На првиот натпревар не се ни обидовме да тргне кон противничкиот гол во желба за гол. И синоќа беше исто. Не игравме офанзивно со јасна интенција за гол, па затоа и немавме многу шанси. А зошто е тоа така треба да го прашате тренерот. Игравме на наш терен а игравме ‘кукавички’. Затоа Ливерпул сосема заслужено победи. Лут сум на многу нешта затоа што знам дека навивачите на Баерн не го заслужуваат ова“ – вели Левандовски.

Баерн сега се насочува кон домашното првенство каде е во игра за шампионската титула. Но, Нико Ковач, без сомнение, повторно ќе се најде на удар на навивачите и јавноста.

Се вчитува...