Левандовски заминува од Баерн, можна размена со Челси

Не е никаква тајна дека Роберт Левандовски ова лето сака да го напушти Баерн Минхен, во потрага по нов предизвик.

Според англиските медиуми, Полјакот е најблиску до преселба на Островот каде е посакуван од Томас Тухел во Челси, како замена за Тимо Вернер кој не ги исполни очекувањата.

Дури веќе се разгледува и опцијата за замена меѓу двата клуба. Вернер да се пресели во Минхен, а Левандовски во Лондон.

Се вчитува...