Леванте и Барди повторно немоќни, доминација на Билбао за голема победа (ВИДЕО)

Атлетико Билбао со убедлива победа над Леванте од 3-1 го заокружи последниот натпревар од 27. коло од шпанската Примера.

Првото полувреме помина во целосна доминација на Атлетико Билбао, но домаќините немаа среќа за погодок и водство, па на полувреме се замина со почетниот резултат од 0-0. Македонскиот фудбалер Енис Барди влезе од клупата за резерви во 42 минута, откако Хозе Луис Моралес доживеа повреда и мораше да го напушти теренот.

Второто полувреме донесе винстинска голеада. Најпрвин Микел Весга го скрши отпорот на гостите во 63. минута, а на 2-0 зголеми Инаки Вилијамс, запишивајќи се во листата на стрелци во 76. минута.

Доминацијата на Билбао ја запчеати Војер Зарага, кој во 88. минута го постигна и третиот гол за својот тим. До крајот на мечот Хорхе де Фрутос намали на 3-1.

Билбао по овој исход се наоѓа на 8-та позиција со 40 бода, додека Леванте и понатаму е закотвен на последното место со само 18.

 

Се вчитува...