Леванте продолжи со слабите игри на домашен терен откако тимот на нашиот Енис Барди попладнево ремизираше 2-2 против Еибар.
Барди и соиграчите имаат за што да жалат бидејќи два пати стигнуваа до предност преку Моралес и Рокина, но сепак не успеаја да освојат цел плен на оваа средба. Како клучен се покажа погодокот што го постигна гостинскиот напаѓач Енрик во 78. минута, за конечни 2-2.
Леванте последната домашна победа ја забележа пред повеќе од два месеци (на 20 јануари, со 2-0 над Валјадолид), па неслучаен е и големиот пад на табелата на оваа екипа, која моментно се наоѓа на 15. позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА