Леванте со нов пораз во Ла Лига, Барди играше 75. минути

Умира и минималната надеж за Леванте дека може да избори опстанок во Ла Лига. Осасуна вечерва беше подобра од тимот од Валенсија со 3-1, со што драстично се намалени шансите за останување во Ла Лига на тимот на Енис Барди.

Македонскиот репрезентативец беше стартер и одигра 75. минути кога беше повлечен од игра.

Осасуна дојде до водство со голот на Авила, а Будимир зголеми на 2-0 во 57. минута. Голот на Брашанац донесе 3-0, а Леванте преку Марти само успеа да намали.

Енис Барди утре тргнува на пат кон Македонија, каде ќе се појави на собирот на репрезентацијата за бараж натпреварот со Италија на 24. март.

Се вчитува...