Леверкузен го совлада Аузбург и остана во игра за ЛЕ

Баер Леверкузен го совлада Аузбург нагости со 1-3 во првиот натпревар од 31. коло во Бундеслигата. Натпреварот започна одлично. Домаќините поведоа со голот на Кевин Дансо во 12. минута, а само три минути подоцна „фармацевтите“ успеаја да израмнат преку Кевин Воланд.

Второто полувреме беше натпревар во една насока. Кај Хаверц донесе водство од 1-2 за гостинскиот тим во 48. минута. Во 60. минута Џонатан Тах зголеми на 1-3, а конечните 1-4 ги постави Џулијан Брандт со гол во 90. минута.

Со победата Баер Леверкузен се искачи на шестото место на првенстваната табелата со 51 бод, додека Аузбург остана 14. пласиран со 31 бод.

Се вчитува...