Лидерот на Вардар, Игор Карачиќ е во тимот на колото (ВИДЕО)

Игор Карачиќ го предводеше Вардар во тешкиот реванш од четвртфиналето против Пик Сегед во кој „црвено-црните“ ја одбранија домашаната победа и го заверија пласманот меѓу најдобрите четири екипи на контиентот.

Како и во првата половина од дуелите во четвртфиналната фаза, така и во возвратните натпревари, Игор Карачиќ се најде меѓу седумте играчи кои го одбележаа колото. Хрватот е меѓу најдобрите на позицијата плејмејкер.

Покрај него, дел од дрим-тимот за оваа фаза од ЛШ се уште и Ване (Фленсбург), Андерсон (Барселона), Ремили (ПСЖ), Гајиќ (Веспрем), Бахниди (Пик Сегед) и Гонзало Перез де Варгас (Барселона).

Се вчитува...