Лидија Хорват е уште едно име кое ќе е дел од Женскиот ракометен форум

Поранешната репрезентативка на Хрватска, Лидија Хорват е уште едно име кое ќе биде дел од првиот Женски ракометен форум кој е во организација на Ракометната федерација на Македонија.

Иконата на хрватскиот женски ракомет, со успешна репрезентативна кариера, но и клупска како дел од неколку ракометни брендови во Европа. По завршувањето на кариерата во 2020 година, активно учествува во создавањето на женска ракометна иднина, во улога на директор на младите женски репрезентации на Хрватска.

Се вчитува...