Лидс направи џиновски чекор кон осигурување на опстанокот во Премиер-лигата откако „белите“ од „Иланд роуд“ вечерва славеа на домашен терен над Барнли со 3-1.
Гостинот е веќе испаднат од елитното друштво, така што мотивираниот состав на Лидс знаеше што сака, доминираше во големи делови од мечот и заслужено се радуваше на крајот.
Се беше полесно откако Штах веќе во осмата минута го доведе Лидс во водство, а победникот беше решен на стартот од второто полувреме, откако Окафор и Калверт Луин за кратко време донесоа водство од 3-0. Се што успеаја гостите да сторат до самиот крај беше утешниот погодок на Чауна во 71. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
