Лига Европа: Елмас и Наполи потопени од Гранада

Наполи одигра уште еден разочарувачки натпревар, овој пат во 1/16-финалето од Лигата на Европа на гостувањето против Гранада.

Во првиот меч од битката за осминафинале, наполитанците загубија од шпанскиот тим со 2-0. Стрелци на головите за Гранада беа Херера и Кенеди во 19. и во 21. минута.


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра целиот натпревар за Наполи.

Во останатите мечеви, Арсенал ремизираше (1-1) на гостувањето против Бенфика благодарение на голот за израмнување на Сака.

Во најинтересниот натпревар Глазгов Ренџерс славеше со 3-4 на гостувањето против Антверпен.

ЛИГА ЕВРОПА – 1/16-ФИНАЛЕ (први натпревари)

Антверпен – Глазгов Ренџерс 3-4

Бенфика – Арсенал 1-1

Гранада – Наполи 2-0

Лил – Ајакс 1-2

Макаби Тел Авив – Шахтјор 0-2

Молде – Хофенхајм 3-3

Салцбург – Вилјареал 0-2

Се вчитува...