ЛИГА ЕВРОПА: Манчестер јунајтед и Рома веќе се една нога во полуфинале, Славија го шокираше Арсенал (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед е веќе сосема извесно во полуфиналето од Лигата на Европа откако во првата четвртфинална пресметка славеше со 0-2 на гостувањето против Гранада во Шпанија.

Стрелец на голот за водство за „црвените ѓаволи“ беше Рашфорд во 31. минута од средбата, носејќи предност за својот тим…

 

Конечните 0-2 ги постави Бруно Фернандеш од пенал во 90. минута.

Гостинска победа носи и Рома која славеше со 1-2 на гостувањето против Ајакс. Холанѓаните поведоа со голот на Класен во 39. минута, а „волчицата“ израмни со голот на Пелегрини во 57. минута.

Триумфот за Рома ја донесе Ибањез во 87. минута со феноменален погодок…

Арсенал, и покрај целосната доминација, без предност против Славија ќе патува на реваншот во Прага. Лаказет имаше неколку одлични можности во второто полувреме, но не знаеше како да погоди и од позиции од кои потешко беше да се промаши. Па, на крајот Пепе во 86. минута погоди за 1-0…

Сепак, кога се чинеше дека „топчиите“ ќе однесат победа Славија Прага израмни со голот на Холеш во 94. минута за конечни 1-1.

Се вчитува...