Лига Европа: Милан во 92. минута извлече реми на „Олд Трафорд“, Виљареал убедлив во Киев

Милан успеа да извлече реми (1-1) на гостувањето против Манчестер јунајтед во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа, благодарение на голот на Кјаер во 92. минута.

Претходно, „црвените ѓаволи“ до предност дојдоа со голот на Диало во 50. минута.

Во останатите три натпревари кои се играа од 18:55 часот, најубедливата победа ја запиша Ајакс против Јанг Бојс, а со една нога во четвртфиналето е и Виљареал кој со 0-2 славеше на гостувањето против Динамо Киев.

ЛИГА ЕВРОПА – ОСМИНАФИНАЛЕ (први натпревари)

Ајакс – Јанг Бојс 3-0

Динамо Киев – Виљареал 0-2

Манчестер јунајтед – Милан 1-1

Славија Прага – Глазгов Ренџерс 1-1

Се вчитува...