Лига нации: Англичаните го „колнат“ Мегваер, Французите го освоија Загреб

Фудбалската селекција на Англија го забележа првиот пораз во Лигата на нации откако на „Вембли“ загуби од Данска со 0-1. Составот на Герет Саутгејт остана со играч помалку по иклучувањето на Хари Мегваер во 32.минута, а само три минути подоцна Кристијан Ериксен од пенал го постигна победничкиот погодок за Данците.

Белгија е првопласирана во групата 2 од Лигата А, откако стигна до третата победа славејќи со 1-2 на гостувањето кај Исланд. Ромелу Лукаку беше двоен стрелец за Белгијците, Севарсон погоди за селекцијата на Исланд.

Французите остварија триумф (1-2) на гости против Хрватска. Гризман постигна прекрасен гол, Никола Влашиќ израмни, но Килијан Мбапе донесе победа за „триколорите“ на овој меч. Португалија и без Кристијано Роналдо победија против Шведска со 3-0. Диого Жота беше двоен стрелец, а резултатот го отвори Бернардо Силва. Италија и Холандија ремизираа, 1-1.

Се вчитува...