ЛИГА НАЦИИ: Англија, Германија и Италија во „групата на смртта“ во А-Лигата

Англија, Германија, Италија и Унгарија ќе играат во најинтересната „група на смртта“ во А-Лигата на нации, одлучи денешната ждрепка во УЕФА.

Интересно ќе биде и во првата група од А-Лигата во која се Франција, Данска, Хрватска и Австрија.

Најинтересната група во Б-лигата се чини ќе биде скандинавско-балканската пресметка меѓу Норвешка, Шведска, Србија и Словенија во четвртата група.

Во Лигата Ц, како што е познато, Македонија во четвртата група ќе биде заедно со Бугарија, Грузија и Гибралтар.

И во Лигата Д познати се двете групи во кои носители се Лихтенштајн и Малта.

Се вчитува...