Лига нации: Победи за Шпанија и за Германија

Шпанија и Германија ги оправдаа резултатски фаворитските улоги на вечерашните дуели од Лигата на нации. Во групата 4 од Лигата А, „црвената фурија“ минимално славеше во Мадрид против Швајцарија со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Микел Ојзарзабал во 14.минута, откако шпанските репрезентативци со пресинг уловија грешка на одбраната на Швајцарија.

По две ремија, Германците дојдоа до прв триумф (1-2) и тоа на гостувањето во Киев против Украина. Дефанзивецот Матијас Гинтер во 20.минута донесе водство за селекцијата на Јоаким Лев, а Леон Горецка на почетокот на вториот дел зголеми на 0-2. Малиновски од пенал намали на 1-2 во 77.минута, но Украинците кои се десеткувани поради коронавирусот немаа сили да стигнат до израмнување.

Се вчитува...