Лилард ги урна Леброн и „лејкерс“ (ВИДЕО)

Портланд го повтори чудото на Орландо од отворањето на вториот натпреварувачки ден во НБА плеј-офот и забележа изнеенадувачка победа над еден од најголемите фаворити за титулата, Лос Анџелес Лејкерс во првиот натпревар од стартната рунда во Западната конференција. Портланд славеше со 100-93 и ја продолжи одличната серија од 19-1 со која и всушност се проби со плеј-офот, а и разигрувањето го почна на сензационален начин.

Портланд беше поодобар во воведната четвртина со 36-25, „лејкерс“ најавија враќање со тоа што го добија вториот сегмент со високи десет поени плус и имаа само еден минус на полувремето. Но, Портланд не потклекна под налетите на фаворитот во второто полувреме, одржуваше минимална предност и дојде до триумфот во натпреварот број еден во серијата „подобар од седум“.

Демијан Лилард повторно имаше одлично издание. Постигна 35 поени, ја имаше вообичаената поддршка од Си Џеј Меккалум кој уфрли 22 поени, Јусуф Нуркиќ со 16 поени го затвора стандардното трио најефикасни кај Портланд. Ветеранот Кармело Ентони постина 11 поени. Ентони Дејвис беше прв стрлец кај „лејкерс“ со 28 поени, Леброн Џејмс постигна 23 со највисоки во кариерата 16 асистенции, Кајл Кузма уфрли 14 поени.

На вториот натпревар во Западната конференција немаше изненадувања. Хјустон поведе со 1-0 во победи во серијата од првото коло од плеј-офот против Оклахома. Го доби првиот меч со 123-108. Џејмс Харден постигна 37 поени. Кај Оклахома, Данило Галинари уфрли 29.

Во Источната конференција, Мајами поведе против Индијана со 1-0 во серијата од првото коло откако мечот број еден го доби со 113-101. Џими Батлер со 28 и Горан Драгиќ со 24 поени беа клучни за триумфот. Претходно, Портланд направи подвиг со победата над Милвоки за изненадувачки старт на серијата од првото коло на Исток. 

 

Се вчитува...