Лили Кинг со светски рекорд до злато на СП

 Американската пливачка, Лили Кинг, го освои златниот медал во трката на 100 метри градно и постави нов светски рекорд во оваа дисциплина. Во финалната трка на Светското првенство во Будимпешта, Кинг постигна време од 1:04.13 минута.

Сребрениот медал и припадна на нејзината сонародничка Кејли Мајли со 90 стотинки заостанување зад победничката, а „брозната“ ја освои Русинката Јулија Ефремова со две стотинки послабо време од резултатот на второпласираната Ефремова.

На трките во машка конкуренција на СП во Будимпешта доминира Кинескиот пливач Сун Јанг кој го освои вториот златен медал на ова првенство, триумфирајќи во трката на 200 метри слободно (1:44.39 мин). Претходно Јанг се закити со златен медал и во трката на 400 метри слободно.

Се вчитува...