Линдберг позитивен на Ковид-19 веднаш по дуелот со Македонија

Ракометарот на данската репрезентација Ханс Линдберг е позитивен на Ковид-19, на тестот направен веднаш по натпреварот со Македонија во квалификациите за ЕП 2022.

Ветеранот во дресот на Данска е единствен кој е заразен со коронавирусот од целокупната селекција на Данска. Се претпоставува дека позитивен настапувал и на дуелот против Македонија пред два дена на кој Данците славеа убедливо.

Комплетаната селекција на Данска сега е во изолација заедно и со членовите на стручниот штаб, во очекување и на следните инструкции согласно протоколите за здравствена заштита.

Се вчитува...