Линекер се исправи: Во фудбалот играат 22-ца, и Германците повеќе не победуваат секогаш

Гери Линекер и Германците, тоа е вечна тема. Но, и тој почна да сфаќа дека фудбалот сепак се менува, па и тие не победуваат секогаш. Не важи веќе онаа легендарната, дека сите играат, а на крајот токму Германците секогаш победуваат.

Легендарниот англиски напаѓач, нормално, се исправи, откако светскиот првак доживеа болна елиминација во првата фаза, и тоа како последнопласирана селекција во групата Ф. Германците денеска доживеаја болен пораз од Јужна Кореја (0-2) и си заминуваат дома, а Линекер твитна:

„Фудбалот е едноставна игра во која 22-ца трчаат по топката 90 минути и на крајот Германците повеќе не победуваат секогаш. Претходната верзија заминува во историјата“.

Се вчитува...