Линекер: Златната ера на Германците е минато

Англискиот ас Гери Линекер редовно говори за Германците, неговите пораки за „панцирите“ веќе имаат митска вредност, но тој сепак смета дека селекцијата на Јоаким Лев на овој Мундијал ја нема моќта од минатото.

„Златната ера на Германците е веќе минато. Тие ми делуваат инертно во средниот ред, ја немаат агилноста, многу побавни се и во одбраната и страшно ранливи при контранапади. Во нападот, многу им недостига Лирој Сане, јас таков играч никогаш не би оставил дома. Германија овојпат не е меѓу фаворитите за освојување на титулата, барем според моето гледиште на работите. Но, веќе знаете дека не смеете никогаш да ги отпишете. Од порано имам кажано дека на крајот Германците секогаш победуваат во фудбалот“, изјави Гери Линекер во анализа за „Би-Би-Си“’.

 

Се вчитува...