Лингард повторно заминува на позајмица

По одличните партии во Вест Хем минатата сезона, Џеси Лингард би можел да замине на нова позајмица. Наводно англискиот повремен репрезентативец би заминал на едногодишна позајмица во Лестер со можност за откупување на договорот во летото 2022 година.

Евидентно е дека во Лестер сакаат да направат колку е можно повеќе компетентен тим како би можеле уште повеќе да ги предизвикаат англиските гиганти, но и да обезбедат пласман во Лигата на шампионите.

Затоа им е потребна поголема длабочина во ростерот, а Лингард одлично би ги пополнил дупките кои ги имаат на клупата.

Се вчитува...