Лино Червар официјално тренер на ППД Загреб

По девет години Лино Червар се враќа на клупата на ППД Загреб и ја затвора ешпизодата со Металург. Она што беше најавувано како опција, денеска доби и официјална потврда од Хрватска.

За понеделник е најавена прес-конференцијата на која ќе биде официјалното преставување и презентација на плановите на ППД Загреб за наредната сеозна.

Червар од 2009 година беше на клупата на Металург. Минатата сезона поради селекторските обврски во Хрватска, Металург од клупата го предводеше неговиот помошник Александар Јовиќ, а се досега статусот на Червар во Автокоманда беше „отворен“.

Во два наврати претходно Лино Червар го предводеше Загреб, во периодот од 2000 до 2002 и од 2004 до 2009. Како што е најавено во хрватските медиуми, тој паралелно ќе ги извршува двете функции – селектор на Хрватска и тренерн на ППД Загреб.

Се поизвесно е дека заедно со Червар од следната сезона во ППД Загреб се сели и хрватскиот бек од Металург, Халил Јагањац. Во тек се преговорите меѓу хрватскиот и македонскиот тим со кој Јагањац има актуелен договор и за наредните две сезони.

Се вчитува...