Лион го матираше ПСЖ на самиот крај

Лион успеа да го земе скалпот на Пари Сен Жермен, откако постигна победнички гол за триумф од 2-1 преку Мемфис Депај во четвртата минута од судиското продолжение. Гостите повеќе од половина час играа со играч помалку поради исклучувањето на Дани Алвеш, и тоа на крајот можеби и пресуди.

„Светците“ сега имаат осум бода предност пред Лион, кој се искачи на втората позиција на табелата.

Набил Фекир уште во втората минута донесе водство за Лион, а Левин Курзава израмни пред самиот истек на првото полувреме. Во вториот дел, по исклучувањето на Дани Алвеш, домашниот тим почувствува можност за посериозно да нападне, а тоа го искористи Мемфис Депај во самиот финиш за победнички погодок.

Се вчитува...